BioShop слави 1 година – прославуваме заедно!

На 1 октомври 2026 година, BioShop.mk го прославува својот прв роденден! 🌿
Првата година на BioShop ни донесе многу повеќе од деловен раст. Ни донесе нови искуства, предизвици, учење, нови производи, но и многу средби и разговори со луѓето за кои оваа приказна ја создававме. Најмногу ни значи што во оваа година ја стекнавме вашата доверба.
Зад BioShop стои тим од луѓе кои секојдневно со многу посветеност, енергија и љубов ја градат оваа приказна. Затоа овој прв роденден не е само наш – тој е на целиот наш тим, на нашите партнери и на сите вас кои ни дадовте причина да продолжиме да растеме
Една година е зад нас. А најубавото допрва ќе го создаваме – заедно!
Затоа, првиот роденден не сакаме да го прославиме само со бројка на календарот. Сакаме да го прославиме со вас. 💚
Ви најавуваме роденденски попусти за сите категории. По повод нашиот прв роденден, подготвивме специјални попусти кои ќе важат само на 1 октомври:
– 💄 30% попуст на козметика и парфеми од нашите брендови
– 👶 20% попуст на пелени и производи за родилки
– 🌱 15% попуст на храна од нашите брендови
– 🤝 10% попуст на производи од категоријата „Пријатели“
– 🍼 5% попуст на брендовите BIBS и Cool Bottles
Без разлика дали одамна сте дел од BioShop или токму сега нè откривате, ова е убав момент да ги разгледате производите што ги избираме со посебно внимание и љубов.
Роденденските попусти ќе важат онлајн на www.bioshop.mk, но и во нашата Bio Shop продавница во East Gate.
Така, можете да го направите вашиот избор од удобноста на вашиот дом или да нè посетите, да ги погледнете производите одблиску и да разговарате со нашиот тим.
Една година BioShop – благодарение на вас
Првиот роденден е и повод да се навратиме на почетокот. BioShop го создадовме со идеја да понудиме внимателно избрани производи и, уште поважно, место каде што купувачот може да праша, да добие информација и да направи избор во кој се чувствува сигурно.
Во изминатата година растевме заедно со вас. Учевме од вашите прашања, ги слушавме вашите потреби и секојдневно се трудевме да бидеме подобри.
Затоа, оваа прослава е наша мала благодарност за вашата доверба, секоја посета, секоја нарачка и секоја препорака.
1 година зад нас. Многу повеќе пред нас.
На 1 октомври, да го прославиме роденденот на BioShop заедно. За нарачки над 3000ден., подарок производ од BioShop.
Ве очекуваме на www.bioshop.mk и во BioShop во East Gate.
BioShop – Природно. Убаво. Твое.



